Дома Фудбал Скандал: Уапсен претседател на македонски фудбалски клуб – шверцувал злато од 300.000 евра?!

Скандал: Уапсен претседател на македонски фудбалски клуб – шверцувал злато од 300.000 евра?!

Турските медиуми деновиве пренесуваат за сериозен скандал во кој, според нивните информации, е вмешан претседател на клуб од Првата македонска фудбалска лига.

Како што објавуваат „Адана Масаси“ и уште неколку медиуми, лицето со иницијали Б.Х. било приведено од турската полиција на 24 март, на патниот правец меѓу Батман и Сиирт.

При претрес на возилото, органите на редот пронашле злато со вкупна тежина од 2 килограми и 581 грам, чија вредност се проценува на околу 300.000 евра.

Против осомничениот веќе се покренати соодветни судски постапки, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за целиот случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …