Дома Македонски спорт Го најави ли Јаховиќ со овој потег трансферот во турскиот гигант? (ФОТО)

Го најави ли Јаховиќ со овој потег трансферот во турскиот гигант? (ФОТО)

Адис Јаховиќ сезонава игра одлично во турското првенство и постигна 10 гола. Во последниот период се шпекулираше дека Јаховиќ ќе замине од Малатијаспор, а сега Јаховиќ направи потег со кој дополнително ги подгреа гласините.

Јаховиќ на Инстаграм започна да го следи Бешикташ и ова беше доволно медиумите да пишуваат дека трансферот е пред реализација. Вкупно на сите натпревари Јаховиќ на 22 настапи постигна 13 гола и додаде една асистенција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неодамна првиот човек на Малатијаспор изјави дека официјални понуди немале.

„За Адис се зборуваше за некои понуди надвор од Турција, но ние официјално немаме ништо добиено. Без официјална понуда немаме за што да разговараме“, изјави Али Геврек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…