Дома Фудбал Останато Германски бизнисмен со предлог до Баерн: Сака да го доведат Роналдо, а тој да го финансира трансферот!

Германски бизнисмен со предлог до Баерн: Сака да го доведат Роналдо, а тој да го финансира трансферот!

Германскиот бизнисмен Маркус Шон (48) даде предлог на директорот Оливер Кан како да го доведе Кристијано Роналдо.

Португалецот на 38-годишна возраст одлучи да направи трансфер во Ал Наср од Саудиска Арабија, а претходно се поврзуваше со Баерн, но Баерн не се одлучи да го доведе. Сега Шон испрати предлог до гигантот од Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние (една од неговите фирми) би можеле да го платиме трансферот или некаква позајмица“, изјави Шон во интервјуто за „Аbendzeitung Munchen“. Шон призна дека е голем фан на Роналдо и би сакал да го види како игра за Баерн пред да ја заврши кариерата.

Шон е спремен една од неговите фирми која се занимава со продажба на градежни материјали да учествува во трансферот, а за возврат бара процент од продажбата на дресови. Баерн се уште не одговорил на овој необичен предлог, меѓутоа поради годините на Португалецот тешко е да се поверува дека би влегле во ваква „акција“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…