Дома Фудбал Лига на шампиони Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел против Баерн, исфрлајќи го фаворизираниот Манчестер Сити.

За Карло Анчелоти (64) претходните денови имаше многу негативни коментари и критики поради начинот на кој Реал играше против актуелниот европски шампион. Анчелоти се одлучи за „бункер“ и на крајот таа тактика му донесе успех.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, оние кои го бранат италијанскиот стратег возвраќаат и со прашање: Кој од сите денешни моќни тренери без две третини од одбраната на стартот на сезоната би играл поинаку и кој би стигнал до полуфинале? Може да го критикуваат Анчелоти дека играл кукавички, средновековниот политички филозоф Николас Макијавели во една прилика кажал – Целта ги оправдува средствата! Можат, но грешат.

Андреј Лунин, кој беше трет избор на почетокот на сезоната, беше на голот на Реал. Анчелоти поради повреди ги загуби Тибо Куртоа и Кепа Аразибалага. Од истата причина во стартниот состав го немаше ниту најдобриот дефанзивец Едер Милитао. Бразилецот доби шанса во последните десет минути од натпреварот, по пауза од неколку месеци. Левоногиот стопер Давид Алаба е повреден од декември и сезоната за него тогаш заврши. Од двајцата дефанзивци и двајца голмани, италијанскиот тренер немаше тројца на располагање.

Кој друг тренер од ЛШ се соочил со толку кадровски проблеми? Одговорот е јасен. Никој. Па, токму во таква ситуација, умот и тактиката на Анчелоти дојдоа до израз. Успеа да го издигне Реал од сите негови проблеми, да создаде машина од играчи, која по полуфиналето стана сериозен фаворит да ја донесе 15-тата титула на европски шампион.

Јасно е дека Реал е во позиција најмалку 50/50 со Баерн во полуфиналето, а потоа и во финалето на Лигата на шампионите против подобриот од дуелот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Целта за гигантот од Мадрид е финалето од елитното натпреварување на УЕФА, кое ќе се одигра на 1 јуни во Лондон, на стадионот „Вембли“.

Анчелоти е најодликуваниот тренер во историјата на Лигата на шампионите на УЕФА, со рекордни четири освоени трофеи како тренер (двапати со Милан и двапати со Реал Мадрид). Тој е исто така првиот и единствениот што предводел тимови до пет финалиња во Лигата на шампионите. Како играч, двапати го освои Европскиот куп со Милан во 1989 и 1990 година, што го прави еден од седумте луѓе кои го освоиле Европскиот куп или Лигата на шампионите и како играч и како менаџер.

Карло Анчелоти е исто така првиот и единствениот менаџер кој освоил титули во сите пет врвни европски лиги. Италијанецот го освои Светското клупско првенство на ФИФА трипати и исто така е менаџер со најмногу заеднички триумфи на УЕФА Суперкупот, освојувајќи го трофејот во четири наврати со Милан и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …