Дома Фудбал Англија Гвардиола: УЕФА нема да не казни, но ако нешто се случи ќе ја прифатиме одлуката

Гвардиола: УЕФА нема да не казни, но ако нешто се случи ќе ја прифатиме одлуката

guardiola

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Пеп Гвардиола е убеден дека неговиот тим и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите и покрај гласините дека УЕФА би можела да ги суспендира поради прекршување на финансискиот фер плеј.

Неодамна, после објавувањето на документите на „Фудбал Ликс“ за наводното лажирање на спонзроските договори во Сити се појави вест дека „граѓаните“ би можеле да бидат исфрлени од Лигата на Шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА најави дека ќе има истрага, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим работел според прописите.

„Никој нас нема да не суспендиран, тоа е она што го мислам“, изјави Гвардиола.

„Верувам во нашиот претседател и извршниот директор. Разговараме и се ми објаснија. Ако сепак тоа се случи ќе ја почитуваме одлуката на УЕФА и ќе продолжиме понатаму“, изјави Гвардиола.

Шампионот на Англија после 15 кола се наоѓа на првото место на табелата во Премиер лигата со 41 освоен бод, два повеќе од вторпласираниот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…