Пеп Гвардиола има оригинални методи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, после денешниот натпревар против опасниот Барнси фудбалерите на Пеп Гвардиола имаат прилика да прават што сакаат.
Да, добро прочитавте, четири дена без тренинзи и обврски. И Пеп во тој период апсолутно не го интересира што ќе прават.
„Нека заборават на фудбал, стадионот и тренинг центарот, истите ќе бидат заклучени. Нека бидат со семејството и пријателите, нека се одморат. Потоа го имаме Лестер и Базел сите сме уморни и потребен ни е одмор“, изјави Пеп.
Сити математички може да ја освои титулата веќе за два месеци кога им гостува Јунајтед, а Мурињо веќе се предаде, сепак Пеп не смета така.
„Нема да се предадат, знам бидејќи и јас не би се откажал. Имаме тешки натпревари, играме со Тотенхем, Арсенал, Евертон, Челси, во игра се 39 бодови“, додаде Пеп.