Дома Луд Спорт Во Бразил навивачите фрлија свинска глава на теренот🎥

Во Бразил навивачите фрлија свинска глава на теренот🎥

Tимот на Коринтијас го победи Палмеирас со 2-0 во бразилската Серија А, но натпреварот ќе остане запаметен по една бизарна сцена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во момент кога Рафаел Веига требаше да изведе корнер, на тревникот беше фрлена свинска глава. Сакајќи да ја отстрани до неа се приближи Јури Алберто, ја шутна и за малку не се повреди.

„Малку недостигаше да ја скршам ногата. Мислев дека е перница“, прокоментира Алберто по натпреварот.

Оваа сцена потсети на легендарното Ел Класико, кога навивачите на Барса фрлија со свинска глава по „предавникот“ Луис Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…