Дома Фудбал Винисиус објасни зошто против Барселона славеше како Роналдо

Винисиус објасни зошто против Барселона славеше како Роналдо

Реал Мадрид вчера со убедливи 4:1 ја совлада Барселона во Суперкупот на Шпанија, а играч на мечот беше Бразилецот Винисиус Жуниор кој постигна хет-трик.

Винисиус својот прв гол на средбата го прослави со познатата прослава на Кристијано Роналдо кој беше на трибините и го следеше натпреварот.

„Ја направив „Сиу“ прославата затоа што Роналдо е мојот идол. Многу сум среќен во овој тим, правиме посебни работи“, изјави Винисиус по средбата.

На крајот од натпреварот Винисиус влезе и во конфликт со клупата на Барселона.

„Тие сакаа да се тепаат со мене јас се трудам да останам фокусиран. Некогаш зборувам премногу, некогаш дриблам и кога не треба…имам уште работи да учам“, изјави Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…