Дома Фудбал ВИДЕО: ПСЖ со моќна најава за натпреварот против Црвена Звезда

ВИДЕО: ПСЖ со моќна најава за натпреварот против Црвена Звезда

psg crvena zvezda

Во среда во рамките од второто коло во групата Ц во Лигата на шампионите ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Црвена Звезда на „Паркот на принцовите“, а „светците“ денес на Твитер профилот објавија најава за овој натпревар.

Јасно е дека ПСЖ после поразот од Ливерпул во првото коло во среда пред своите навивачи сака победа и се освен три бода за нив во овој натпревар би се сметало за голем неуспех.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Звезда која во првото коло одигра 0:0 во Белград против Наполи сигурно нема предвреме да им се предаде на скапо платените ѕвезди и ќе се надева дека може до ново изненадување.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда се игра во среда со почеток од 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…