Дома Фудбал Останато Видео: Лудница во Чикаго, пристигна Швајни!

Видео: Лудница во Чикаго, пристигна Швајни!

Поранешниот капитен на германската репрезентација, Бастиан Швајнштајгер утрово допатува во Чикаго, каде во наредната година ќе игра за тамшниот тим во МЛС лигата.

Швајнштајгер во Америка пристигна заедно со сопругата Ана Ивановиќ и предизвика вистински хаос на аеродромот. Неколку стотини навивачи го пречекаа и му приредија незаборавно добредојде.

Стрпливо, како и што доликува на голема ѕвезда, 32-годишниот Германец на сите им излезе во пресрет, а дека навивачите од него очекуваат големи работи се виде по тоа што почнаа да трчаат по неговиот автомобил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах нема да игра за Египет поради вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со египетската репрезентација на нивниот втор квалификациски …