После ексклузивата на „Марка“ за новиот договор на Симеоне, ни пристигнува уште една овој пат од Островот – Баерн Минхен победил во трката за Арон Рамзи!
Така барем тврди реномираниот „Индепендент“, но она што дополнително и дава на значење на оваа вест е што ја пренесуваат сите медиуми на Островот, па може да се каже дека Рамзи е вест на денот во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се наведува дека 27 годишниот Велашнец неколку пати одбил да потпише нов договор и се поврзуваше со трансфер во Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Јувентус, но изгледа победил германскиот гигант. Баерн е познат како клуб кој не троши премногу на засилувања, ретко плаќа огромни суми и ретко кога испушта вакви прилики.
Истиот извор тврди и дека Рамзи уште во јануари ќе потпише преддоговор, а дека Велашанецот дресот на Баерн ќе облече по завршувањето на сезоната и ќе потпише договор на четири години.
European giant confident they have won the race for Aaron Ramsey https://t.co/tZPf09LmO0
— The Independent (@Independent) November 15, 2018