Дома Фудбал Симеоне наскоро потпишува: Станува најмалку втор најплатен тренер во светот!

Симеоне наскоро потпишува: Станува најмалку втор најплатен тренер во светот!

simeone

„Maрка“ пренесува ексклузива – Диего Симеоне е на чекор од потпишување нов договор со Атлетико!

Доколку некој очекуваше Чоло да го напушти Мадрид, очигледно се излажал. Аргентинецот не се заситил од работата во Атлетико и има планови за подолг период. Се споменуваше Интер, се споменуваа и други клубови, но изгледа барем блиската иднина на Симеоне е – Атлетико!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Марка“ ексклузивно пренесува дека преговорите помеѓу Симеоне и Атлетико се во тек скоро цело лето и дека двете страни се многу блиску до продолжување на соработката.

Спорд информациите на реномираниот шпански медиуми, за Диего Симеоне е спремна најголемата плата во клубот и ќе биде повеќе платен од Антоан Гризман. Тоа значи дека според новиот договор ќе добива повеќе од 23 милиони евра, колку точно ќе изнесува засега не се наведува.

Но, едно е сигурно Симеоне ќе стане барем втор најплатен тренер. Пред него би можел да биде само Мурињо кој во Манчестер Јунајтед добива 26 милиони евра.

Ќе потсетиме, Чоло во Атлетико пристигна во 2011 година и за седум години направи чуда со овој клуб – од просечен тим направи кандидат за сите трофеи. Покрај титулата во 2014 година која ја освои покрај моќните Реал и Барса, Симеоне може да се пофали и со титули во шпанскиот куп, Суперкупот на Шпанија, Лига Европа (два пати) и Суперкуп на Европа (два пати).

Два пати Атлетико под негово водство играше и во финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…