Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ги демантираше информациите дека постигнал договор со клубот за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на Холанѓанецот истекува во 2023 година, но англиските медиуми шпекулираа дека двете страни веќе се договориле за нов 6-годишен договор.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Ван Дајк откри дека воопшто не се водат преговори со Ливерпул за продолжување на соработката до овој момент.
„Нема ништо од тоа. Ја видов информацијата во медиумите, дека има согласнот за нов договор. Во моментов воопшто не водиме никакви преговори. Единствено што сакам е да се сконцетрирам на натпреварите, ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Ван Дајк.