Мартин Брајтвајт е еден од низата фудбалери кои Чави Ернандез ги нема на располагање откако ја презема Барселона. Брајтвајт се уште се опоравува од повредата.
Веднаш по доаѓањето на Чави медиумите во Шпанија најавуваа како би можела да изгледа Барселона под негово водство. Данскиот напаѓач не беше во тие екипи кои ги составуваа новинарите, фудбалската јавност во Шпанија смета дека Чави го означил Брајтвајт како „вишок“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, самиот Брајтвајт не мисли така.
„Набрзо би требало да се вратам, а кога ќе се случи тоа ќе имам важна улога во клубот. Разговарав со Чави. Тој е тренер кој јасно кажува што сака од своите играчи и што тие треба да променат. Мислам дека ќе биде возбудливо“, изјави данскиот репрезентативец.