Дома Фудбал Останато Борусија Дортмунд ја одреди цената за Санчо, но кој ќе може да ја плати!?

Борусија Дортмунд ја одреди цената за Санчо, но кој ќе може да ја плати!?

Младиот англиски фудбалер, Џејдон Санчо би можел на крајот од оваа сезона да ги напушти редовите на Борусија Дортмунд.

Овој 18-годишен фудбалер игра навистина добро во Бундеслигата. Постигна осум гола, запиша и 12 асистенции во 26 натпревари и го привлече вниманието на големите клубови. Манчестер Јунајтед е тимот кој сака да го доведе во своите редови. Сепак, тоа нема ефтино да ги чини, бидејќи Борусија постави неверојатна цена за неговите услуги.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секој тим кој го сака ќе мора да одвои 100 милиони фунти. Тоа е конечната цена која германскиот тим ја соопшти и нема понатамошни преговори. Сепак, и покрај се на „Олд Трафорд“ се убедени дека ќе успеаат да го доведаот Санчо. Тие за сега се подготвени да одвојат 80 милиони фунти, но Борусија ќе го има последниот збор околу конечните преговори.

Евентуална продажба на Санчо уште еднаш би покажала дека Борусија работи одлична работа, бидејќи летото 2017. година го доведоа за само осум милиони фунти од Манчестер Сити. Санчо со одличните игри го заслужи и повикот во репрезентацијата на Англија, а првиот старт би можел да го има уште утре кога Англија ја пречекува Чешка.

Англичанецот одигра вкупно 47 натпревари за првиот тим на Борусија Дормтунд и постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…