Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Милан, Леонардо Бонучи ова лето би можел да го напушти „Сан Сиро“.
Милан е во тешка ситуација и неодамна доби суспензија од УЕФА поради финансискиот фер-плеј, па некои од ѕвездите најверојатно ќе бидат продадени ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголем интерес постои за Леонардо Бонучи, а денес италијанските медиуми пренесуваат дека веќе постигнал договор со ПСЖ.
Наводно Буфон го убедил својот пријател да му се придружи во Париз и Бонучи кажал ДА на богатата понуда на „светците“.
Милан не сака да се радели од својот капитен, но доколку Бонучи инсистира да ја промени средината ќе биде приморан да го продаде.
„Росонерите“ за неговата слобода ќе бараат 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „светците“.
Paris Saint-Germain are ready to battle Manchester United for Leonardo Bonucci’s signature. (Source: Le Parisien) pic.twitter.com/ju6sDtfgO4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 1, 2018