Дома Трансфер зона „Бомба“ од Шпанија: Пјаниќ го напушта Јувентус и станува „крал“

„Бомба“ од Шпанија: Пјаниќ го напушта Јувентус и станува „крал“

Странските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ ова лето би можел да го напушти Јувентус по три години поминати во клубот.

Шпанскиот угледен весник „Марка“ ја донесе листата на желби на Реал Мадрид на секоја позиција за претстојното лето и порача дека клубот од Мадрид веројатно ќе донесе двајца играчи за врка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од нив би требало да игра повеќе во дефанзиваа, а другиот повеќе во офанзива. Во конкуренција се Сергеј Милинковиќ Савиќ, Тиаго Алкантара и Миралем Пјаниќ, а Погба е еден од оние кои повеќе е желба отколку можност. Исто така, треба да се додаде дека се уште не се знае што ќе биде со Матео Ковачиќ кој во моментов е на позајмица во Челзи.

Освен тоа, треба да се додаде дека во офанзивниот дел од средниот ред желби се Николо Заниоло од Рома, Кристиан Ериксен од Тотенхем и Еден Азар од Челзи. Италијанските и шпанските медиуми и претходно го преселуваа Пјаниќ во редовите на Реал Мадрид, а освен „Кралевите“ се споменуваат и Барселона и Манчестер Сити.

Се верува дека Јуве не би го пуштил својот играч за под 80 милиони евра, но за сега нема никакви индикации дека управата на „Старата дама“ е подготвена да разговара за продажба на Пјаниќ. Тој оваа сезона одигра вкупно 34 натпревари, постигна четири гола и запиша исто толку асистнеции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…