Дома Македонски спорт Мак ракомет Битола на нозе – билетите за дербито со Вардар ги снема за 15 минути!

Битола на нозе – билетите за дербито со Вардар ги снема за 15 минути!

Во недела се игра дербито во македонското првенство кое ќе го одлучи шампионот во македонското првенство, Вардар ќе гостува во Битола.

Билетите за супер дербито во продажба беа пуштени денес точно напладне, а ги снема за 15-тина минути. Битолскиот тим во Скопје победи со 24:23 и Вардар мора да победи ако сака да ја одбрани титулата и реми ќе го направи Еурофарм Пелистер нов шампион.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ова секако е под претпоставка двете екипи до крајот да останат перфектни во следните три кола. Билетите се продаваа по цена од 200 денари, а како што информиаа од таборот на пелистерци поради големиот интерес предност добиле оние фанови кои имаат сезонски билети.

Натпреварот се игра в недела на 1-ви мај од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…