Вчера Партизан во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа на свој терен ја дочека Астана и на крајот славеше со 4:1.
Партизан по ремито со АЗ Алкмар во претходното коло (2:2) ги загуби шансите за пласман во следната фаза, па поради тоа овој натпревар немаше резултатско значење. И покрај тоа српскиот тим стигна до убедлива победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред почетокот на овој натпревар се случи една бизарна ситуација. Имено, пред почетокот на УФА претставниците на УЕФА утврдиле дека едниот гол бил подолг од другиот.
Контролорите на УЕФА заклучиле дека една статива од голот на северната трибина е за сантиметар подолг од онаа на спротивната половина на теренот што е навистина редок случај.
„Тоа се прописи кои важат за сите клубови, тоа е само една од многуте ставки кои УЕФА ги бара во натпреварите под нејзино покровителство, таквата ситуација е апсолутно нерегуларна“, изјави Ненанд Даниловиќ, претставникот на Партизан задолжен за кординација со УЕФА.