Дома Фудбал Барселона минатото лето направи катастрофална грешка, а тоа клубот ќе го почуствува вечерва

Барселона минатото лето направи катастрофална грешка, а тоа клубот ќе го почуствува вечерва

Барселона вечерва игра финале во шпанскиот куп против Валенсија.

Иако во овој натпревар каталонскиот тим ќе го има на располагање Лионел Меси, Барселона сепак ќе има „дупка“ во нападот со оглед дека Луис Суарез повреден, а Мунир Ел Хадади е продаден во Севиља.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот тим се најде во проблем, а зсе започна минатото лето кога клубот го позајми Пако Алкасер на Борусија Дортмунд со опција Германците да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за 23 милиони евра.

И додека Алкасер се мачеше да го пронајде патот до мрежата додека беше на „Камп Ноу“ во Германија одлично се снајде и на 32 натпревари за Борусија постигна 19 голови.

Тоа е јасен показетел дека Борусија Дортмунд направи одличен потег, „милионерите“ потврдија дека ќе го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.

Мунир одби да потпише договор со Барселона и во јануари за само еден милион евра премина во Севиља, клубот на негово место до дведе Кевин Принс Боатенг кој одигра четири натпревари и не се запиша во листата на стрелци.

Јасно е дека Алкасер не можеше да се избори за место во првиот им покрај Луис Суарез, но исто така Барселона не смееше да си дозволи да нема квалитетна опција за замена на Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…