Барселона се уште не успева да го регистрира Илкај Гундоган, кој пристигна како големо засилување на почетокот на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа договорот би можел да биде раскинат доколку не добие регистрација пред почетокот на Ла Лига.
Гундоган пристигна од Манчестер Сити како големо засилување, но потпиша договор со Барселона под услов да биде регистриран за Ла Лига пред 12 август.
Барселона е во трка со времето бидејќи првенството почнува за девет дена и доколку не успее да го регистрира Гундоган до тогаш ќе следи раскин на договорот.
Барселона има финансиски проблеми и мора да обезбеди приход и да се ослободи од некои фудбалери за да го регистрира Гундоган.