Дома Македонски спорт Балканска планинска тригорија: Совладани трите највисоки планини на Балканот

Балканска планинска тригорија: Совладани трите највисоки планини на Балканот

Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски (ПК Македон) и Игор Јовановски (ПСД Макпетрол) придружувани од Мики Тодоровски успешно реализираа еден невообичаен спортски подвиг – последователно брзинско искачување на трите највисоки планини на Балканот во календарска зима.

Почнувајќи од врвот Митикас 2918 мнв (Олимп, Грција) на полноќ ноќта помеѓу 25/26 декември, продолжувајќи со Вихрен 2915 мнв (Пирин, Бугарија) и завршувајќи со Мусала 2915 мнв (Рила, Бугарија) тие го комплетираа овој подвиг за вкупно време од 30 часа и 55 минути вклучувајќи го и превозот помеѓу планините во должина од 600 км.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Само за искачување на планините им беа потребни 21 час минувајќи 60 км и над 5000 висински метри во сурови зимски планински услови. Вообичаеното потребно време кај планинарите за зимско искачување на овие врвови е по два дена за секој поединечно.

Претходно оваа година Александар постави македонски брзински рекорди на највисоките планини во Европа, искачувајќи го Елбрус 5642 мнв (Кавказ, Русија) за 5 часа и 35 минути и Мон Блан 4810 мнв (Алпи, Франција) за 6 часа 26 минути до врвот и назад, додека Игор има значајни резултати на повеќе трки над 100 километри и е еден од организаторите на најголемата трка во планинско трчање кај нас „Крали Марко Треил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Димитриевски ја отвори душата: Тешко ми е што седам на клупа

Maкедонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски летово ја промени средината и од Р…