Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.




Скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично и оваа сезона постигна 32 гола на 37 натпревари, а особено одлични настапи имаше во Лигата на шампиони.




Нуњес во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.
Баерн Минхен е спремен да плати 70 милиони евра за Уругваецот бидејќи во него гледа идеален наследник за Левандовски.