Дома Фудбал Останато Баерн до Левандовски: За нас секогаш ќе бидеш најдобриот!

Баерн до Левандовски: За нас секогаш ќе бидеш најдобриот!

Во Париз вчера беше доделена Златната топка која по седми пат ја освои Лионел Меси.

Аргентинскиот репрезентативец ја освои наградата пред Роберт Левандовски, а за многумина Меси до оваа награда стигна незаслужено. Во Баерн му честитаа на Меси, но сепак за нив е Левандовски најдобриот.

„За нас секогаш ќе бидеш најдобар! Му честитаме на Меси за освоената награда“, објави Баерн на социјалните мрежи.

Покрај Меси и Левандовски во топ 10 се уште: Жоргињо, Бензема, Канте, Роналдо, Салах, Де Брујн, Мбапе и Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…