Дома Фудбал Останато Ајакс реагираше на објава на Барселона за Де Јонг и испрати провокација до Реал

Ајакс реагираше на објава на Барселона за Де Јонг и испрати провокација до Реал

Играчот на Ајакс Френки Де Јонг се прости од домашната публика на „Јохан Кројф Арената“.

Победата за викендот од 4:1 против Утретехт во претпоследното коло од холандското првенство беше последен домашен натпревар за Френки Де Јонг како играч на Ајакс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Де Јонг пред неколку месеци го обезбеди трансферот во Барселона за сума од 80 милиони евра.

По тој повод Барселона му посака добредојде на Де Јонг преку својот Твитер профил. Каталонците објавија видео од Де Јонг и напишаа: „оставете ♥ ако се радувате на доаѓањето на Френки“.

На оваа нивна објава следуваше одговор од Ајакс преку кој испратија мала провокација до најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

„Па не сме баш сигурни дека на доаѓањето на Де Јонг во Шпанија се радуваат сите“.

Ќе потсетиме Ајакс оваа година го елиминираше Реал Мадрид од Лигата на шампионите откако со 1:4 ги победија на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…