Дома Фудбал Италија Аталанта со три гола во второто полувреме подобра од Парма (ВИДЕО)

Аталанта со три гола во второто полувреме подобра од Парма (ВИДЕО)

atalanta

Во натпреварот од 10-тото коло во италијанската Серија А, Аталанта ја надигра Парма и славеше победа со 3:0.

Аталанта пред своите навивачи одигра одличен натпревар и стигна до важна победа, втора во низа после високата победа над Киево.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иначе во претходните осум кола запишаа само една, а сега успеаа да врзат две.

Сите голови во овој натпревар црно-сините ги постигнаа во вторите 45 минути.

Прво во 55-тата минута Гаглио ја погоди сопствената мрежа, за во 72-та минута Паломина после асистенција од Мансини да зголеми на 2:0, за во осум минути подоцна асистентот Масини да ги постави конечните 3:0.

Аталанта сега се наоѓа на 12-тата позиција, токму Парма е едно место пред нив со бод повеќе.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел“

Во натпреварите кои се последни за Клоп на клупата на Ливерпул, германскиот стратег влезе …