Тиаго Алкантара дефинитивно ќе го напушти Баерн ова лето, но се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатиот новинар Гилијам Балаг тврди дека Ливерпул одолговлеува во преговорите бидејќи не сака големи трошоци ова лето, а тоа сакаат да го искористат Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Тиаго би бил идеално засилување за Микел Артета кој ќе се обиде да создаде силен тим кој ќе игра офанзивно. Шпанецот е идеален за таква формација.
Од друга страна Јунајтед би добил одличен играч во средниот ред кој би играл покрај Бруно Фернандеш и Пол Погба.
За крај треба да се додаде дека семејството наводно го убедувало Алкантара кариерата да ја продолжи во Шпанија каде што го носеше дресот на Барселона.