Дома Фудбал Италија Алегри за Рабио: Не е свесен каков мозок има

Алегри за Рабио: Не е свесен каков мозок има

Јувентус синоќа во првото коло од ЛШ го победи Малме, што беше прва победа за „бјанконерите“ оваа сезона.

Јувентус ја заврши работата уште во првото полувреме, најпрво погоди Алекс Сандро, Дибала постигна гол од пенал, а Мората ги постави конечните 3:0.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После натпреварот тренерот Масимилиано Алегри посебно го пофали играчот за врска Адриен Рабио.

„Рабио има извонреден мозок. Ни тој самиот не е свесен какви квалитети има. Кога ќе се затрча го однесува противникот. Технички исто така е многу добар“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Несреќа! Палета падна врз познат босански тренер: Во тешка состојба, докторите се борат за неговиот живот

Мирза Ѓапо, некогашен познат фудбалер и сегашен посветен тренер на младинската секција на …