Дома Трансфер зона Аларм за европските гиганти: Се спрема распродажба во Борусија?

Аларм за европските гиганти: Се спрема распродажба во Борусија?

Екипата на Борусија Дортмунд наредното лето би можела да остане без неколку големи ѕвезди.

Германските медиуми тврдат дека гигантот од Дортмунд е во финансиска криза, би можеле да останат и без место во Лигата на шампионите, па наводно се спрема распродажба на фудбалерите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку медиуми во Германија објавија кои фудбалери се на трансфер листата. Помеѓу нив се и најголемите ѕвезди Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд, од нив Борусија може да заработи и 200 милиони евра.

На листата за продажба според информациите се уште Алекс Витсел, Мануел Аканџи, Рафаел Гереро, Џовани Рејна и Махмуд Дахуд. Доколку овие информации се точни „милионерите“ од нив би заработиле огромна сума.

Секако најголемото внимание ќе биде насочено кон Санчо и Халанд, тоа се фудбалери кои се мета на најбогатите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…