Акциите на Манчестер Јунајтед пораснаа за цели 17% по веста дека група катарски инвеститори се подготвуваат да поднесат многу сериозна понуда за купување на клубот.
„Дејли Мејл“ утрово ексклузивно откри дека претставници од Катар ќе испратат понуда до Глејзерс во наредните денови и се уверени дека оваа операција ќе успее. Катарците се подготвени да направат сериозни инвестиции во клубот доколку станат сопственици.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен тоа, ќе се соочат и со еден многу сериозен проект, реновирање на „Олд Трафорд“ или изградба на нов модерен објект. Групацијата од Катар би му обезбедила и сериозни финансии на Ерик Тен Хаг за следниот летен преоден рок.
Очигледно, сите овие вести многу влијаеа за да се зголеми цената на клубот за речиси една петтина за само неколку часа. Сите потенцијални понуди за „црвените ѓаволи“ се очекува да пристигнат во наредните денови, по што ќе започнат преговорите.
Manchester United shares up 17% in pre-market trade on an unconfirmed report that Qatari investors are planning to buy the club $MANU pic.twitter.com/aKbQ7nuMjG
— Arjun Kharpal (@ArjunKharpal) February 8, 2023