Дома Фудбал Ѕвезда на Манчестер јунајтед со сите сили сака да потпише за Барселона

Ѕвезда на Манчестер јунајтед со сите сили сака да потпише за Барселона

Каталонскиот гигант Барселона е подготвен да направи чекор кон ангажирање на англискиот напаѓач Маркус Рашфорд, пренесуваат повеќе шпански медиуми.

Според информациите, клубот од „Камп Ноу“ наскоро ќе испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за услугите на 26-годишниот фудбалер, кој изразил силна желба да ја продолжи кариерата во Шпанија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Познатиот трансфер-новинар Фабрицио Романо објави дека агентите на Рашфорд веќе се сретнале со челниците на Барселона, при што играчот им ја пренел својата намера да направи нов чекор во кариерата и да го облече дресот на актуелниот шпански шампион.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо инвестира во нова авантура: Станува акционер во брзо растечка организација на ММА

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, одлучи да заплови во водите на ММА …