Дома Останати Кошарка НБА За Дончиќ заврши низата од 114 натпревари: Вакво нешто не му се случило две години!

За Дончиќ заврши низата од 114 натпревари: Вакво нешто не му се случило две години!

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во изминатата вечер претрпе пораз во натпреварот против Голден Стејт со 116-123, па така и останаа на четвртото место на Западната конкуренција.

Натпреварот изгледаше како директна пресметка на Стеф Кари и Леброн Џејмс, а во третата четвртина кошаркарот на Голден Стејт постигна 13 поени, додека Лебрн на спротивната страна 12 од првите 14 поени за својот тим во овој период.

На крајот Леброн натпреварот го заврши со 33 поени, Кари со 37. Своја вечер немаше Лука Дончиќ кој постигна 19 поени, но ги промаши сите шест обиди за три поени и за првпат по две години одигра натпревар без постигната трројка.Серијата за словенечкиот кошаркар заврши со 114 натпревари во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…