Дома Фудбал Останато Вознемирувачка фотографија: Погледнете како изгледа ногата на најдобрата скијачка во светот по страшниот пад (Фото)

Вознемирувачка фотографија: Погледнете како изгледа ногата на најдобрата скијачка во светот по страшниот пад (Фото)

Најдобрата скијачка на светот за штотуку завршената сезона, Федерика Брињоне (34), објави фотографија на ногата со последиците од стравичниот пад кој го доживеа во Вал ди Фаса.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брињоне на почетокот на месецов претрпе повеќекратни скршеници на ногата по падот во велеслаломот на националното италијанско првенство.

Новата победничка на Светскиот куп во скијање на патека во Вал ди Фаса изгуби контрола на скиите и тешко падна.

Потоа со хеликоптер беше пренесена во блиската болница во Тренто каде што и беше укажана помош.

Процесот на опоравување е започнат, но последиците се застрашувачки. Се работи за двојна скршеница на левата нога, а истовремено ги повредила и предните крстоповрзни лигаменти. Извршена е итна операција во Милано.

“Сезоната 2024/2025 заврши со тресок и повеќе би преферирала шише шампањ. Веќе работам на тоа да се вратам на 100 проценти. Во секој случај, поправив рекорд по поени, но можев и без овие последни 42,” изјави низ насмевка Брињоне.

Познатата Италијанка му се заблагодари на братот Давиде Брињоне, кој секогаш ѝ бил најголема поддршка, како и на целиот тим што беше со неа, на докторите, спонзорите и пријателите.

Брињоне сега ќе биде надвор од патеките долго време, а сѐ тоа пред Олимписките игри во Милано-Кортина следната година, каде што се смета за домашен фаворит.

Фото: YouTube/Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …