
Шефот на Астон Мартин, Адриан Њуи, изнесе загрижувачки информации пред трката за Големата награда на Австралија, со која ќе започне овогодинешното првенство на Формула 1 овој викенд.
Њуи откри дека возачите на тимот Фернандо Алонсо и Ленс Строл ризикуваат трајни оштетувања на нервите во рацете поради силните вибрации во болидот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Екипата од Силверстон имаше проблеми со новиот болид AMR26, дизајниран токму од Њуи, за време на предсезонските тестирања.
Најголем предизвик претставуваше доверливоста на погонската единица на производителот Хонда.
Поради тоа, тимот и јапонскиот производител интензивно работеа во Велика Британија и Јапонија за да ги решат проблемите, кои главно беа поврзани со силните вибрации кои предизвикуваат откажување на батеријата во погонската единица.
„Фернандо смета дека не може да вози повеќе од 25 последователни круга без ризик од трајно оштетување на нервите во рацете. Ленс верува дека кај него тој праг доаѓа уште порано – веќе по 15 круга. Поради тоа, ќе мора сериозно да го ограничиме бројот на кругови што можеме да ги возиме во трката, се додека не го решиме причинителот на вибрациите”.
.A first look at the Adrian Newey-designed Aston Martin AMR26 on track at Barcelona! 🤩💪#F1 pic.twitter.com/uhmuo3GRET
— Formula 1 (@F1) January 30, 2026