Дома Фудбал Реал Сосиедад со пенал до финалето на Купот на кралот!

Реал Сосиедад со пенал до финалето на Купот на кралот!

Фудбалерите на Реал Сосиедад се изборија за место во финалето на шпанскиот Куп на кралот, откако во Сан Себастијан го поразија Атлетик Билбао со 1:0 (0:0) во реванш натпреварот од полуфиналето.

Реал Сосиедад исто така триумфираше и во првиот натпревар, кој се одигра на 11 февруари во Билбао, завршувајќи го со резултат 1:0.

Единствениот гол на синоќешниот натпревар за тимот од Сан Себастијан го постигна Микел Ојарсабал во 87. минута, од пенал.

Во финалето на Купот на кралот, Реал Сосиедад ќе се соочи со мадридскиот Атлетико, кој во полуфиналето ја елиминираше Барселона со вкупен резултат од 4:3. Атлетико победи 4:0 на домашниот терен во првиот дуел, додека Барселона синоќа славеше со 3:0.

Финалниот натпревар од Купот на кралот ќе се одржи на 18 април во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ја плаќа летната грешка? Двајца бекови на радарот, Шо и Мартинез пред излез

На „Олд Трафорд“ повторно се разгледуваат Луис Хол и Адриен Труфер, додека Лук Шо и Лисанд…