
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38) пристигнува на турнирот во Индијан Велс со целосна подготвеност за натпреварување, по неговиот пласман во финалето на Австрелија опен, што дополнително ја потврдува неговата сила на најголемите тениски сцени во светот.
Во Мелбурн, Ѓоковиќ го победи двократниот носител на титула Јаник Синер во пет сетови, но во финалето беше совладан од број еден на светот Карлос Алкараз.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Потенцира дека тоа било доволно за позитивен поттик.
„За мене тоа е феноменален резултат. Прво си докажав на себе, а потоа и на другите, дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и да ги победувам тие момци. Мојата логика е, зошто да не продолжам понатаму додека во мене има оган, страст, квалитет и мотивација“, додаде српскиот тенисер.Петкратниот шампион на Индијан ќе се обиде да го надмине Роже Федерер по бројот на титули на ова натпреварување.
“Во текот на годините, навистина имав многу успех на овој турнир. Ова секогаш бил еден од моите омилени настани поради одличните временски услови, локацијата и близината до Лос Анџелес, еден од најубавите градови, како и поради историјата на самиот настан. Овде е вистински ‘тениски рај’, како што со право го нарекуваат”, изјави Ѓоковиќ.