Дома Останати Кошарка Инцидент каков што кошарката не го памети: Општа тепачка на кошаркарки, судијата нокаутиран (Видео)

Инцидент каков што кошарката не го памети: Општа тепачка на кошаркарки, судијата нокаутиран (Видео)

Сцена која нема место на спортските терени, а особено не во женската кошарка, го обиколи светот. За време на натпреварот од шампионатот на „Сан Белт“ помеѓу Јужна Алабама и Коастал Каролина, дојде до невидена општа тепачка која резултираше со хаос, нокаут и серија исклучувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè започна пет минути пред крајот на натпреварот кога се „закачија“ Трејси Хјустон (Каролина) и Кордашија Харис (Јужна Алабама). Искрите за миг прераснаа во отворен физички судир, а ситуацијата целосно излезе од контрола кога во тепачката се вклучија и останатите играчи, но и членовите на стручните штабови.

Најлошо помина несреќниот судија кој, обидувајќи се да ги раздели разбеснетите кошаркарки, доби удар и заврши нокаутиран на паркетот!

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…