Дома Моторспорт Војната на Блискиот Исток го менува календарот на Ф1?

Војната на Блискиот Исток го менува календарот на Ф1?

Воените случувања на Блискиот Исток целосно го нарушија целиот свет, и затоа Формула 1 разгледува нови опции за календарот за претстојната сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што беше претходно најавено, во календарот за оваа година, како и за претходните, се најдоа трките во Бахреин и Саудиска Арабија, две земји кои се засегнати од војната помеѓу САД и Израел од едната и Иран од другата страна.

Од оваа причина, раководството на Формула 1 разгледува можност да ги откаже овие трки и да организира нови две – во Португалија и Италија.

Според првичните информации, трките што треба да се одржат во Бахреин на 12 април и во Саудиска Арабија седум дена подоцна, треба да ги заменат трките во Портимао и Имола. Овие две легендарни патеки, веројатно ќе им се допаднат на љубителите на Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нема крај на проблемите: Откажување ѝ се заканува и на третата трка на Формула 1 по ред

По откажувањето на Големите награди на Саудиска Арабија и Бахреин поради политичката ситуа…