Дома Фудбал Вокер: Имав непријатен разговор со Гвардиола

Вокер: Имав непријатен разговор со Гвардиола

Вокер стана нов играч на Милан. Таму замина на позајмица од Манчестер Сити, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи. Вокер беше претставен во Милано, а на прес-конференција зборуваше за неговиот последен разговор со Пеп Гвардиола, тренерот на Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Очигледно беше дека ситуацијата во Манчестер Сити не е добра и дека не играм колку што сакам. Дојдов во голем клуб, Милан, надевајќи се дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Сакам да освојувам трофеи.

Кога разговарав со Пеп, не беше пријатно. Се што освои во Манчестер Сити, освоив и јас. Се почитуваме, а тој знае што носам во соблекувалната“, изјави Вокер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…