Раководството на Барселона размислува за потенцијален наследник на Роберт Левандовски, а најново име на списокот е Душан Влаховиќ.
Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а двете страни се далеку од нов договор.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Јувентус му нуди нов договор, но преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона бидејќи верува дека Влаховиќ би бил идеална замена за Левандовски.
Барса ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи Арсенал и Челзи исто така покажуваат силен интерес за Србинот.