Дома Фудбал Вирц не е единствен: Баерн Минхен избра уште едно засилување од Леверкузен

Вирц не е единствен: Баерн Минхен избра уште едно засилување од Леверкузен

Со заминувањето на Чаби Алонсо се очекува да си заминат и најголемите ѕвезди на Баер Леверкузен. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера се шпекулираше за договорот на Флоријан Вирц со Баерн Минхен, а Баварците истовремено решија со сите сили да тргнат и по Џонатан Та.

Договорот на дефанзивецот истекува на 30 јуни и ќе биде слободен во изборот на нова средина, а иако зимоска договори сè со Барселона, Каталонците се повлекоа од преговорите.

Откако Роналд Араухо остана, а Ерик Гарсија значително ја подигна формата и го доби довербата на Ханси Флик, и поради бројни финансиски проблеми, Каталонците ги стопираа преговорите со германскиот дефанзивец.

Баерн со сите сили се обидува да го убеди да дојде во Минхен, особено откако Ерик Дајер договори трансфер во Монако.

Во Минхен сметаат дека Вирц и Та се совршени засилувања и главни цели за сезоната 2025/26 и во голема мера работат на потписот на двајцата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…