Една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Жуниор не беше во комбинација за настап во натпреварот против Ливерпул кој неговиот тим го доби со 2:0.
Винисиус натпреварот го следеше од неговиот дом, но во таа ситуација си направи и проблем. Имено, тој објави дека го гледа натпреварот на бразилската телевизија „ТНТ Спортс“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа не е легално затоа што правата за пренесуање на натпревари од европската елита во Шпанија ги има „Мовистар“.
Од Ла Лига не пропуштија да излезат со реакција поради ваквата ситуација.
„Винисиус на неговиот Инстаграм канал за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид објави фотографија како го следи натпреварот на „ТНТ Спортс“. Тука станува за пиратерија. Кога во Шпанија некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите, тоа треба да го прави преку „Мовистар“ кој плаќа за да ги пренесува натпреварите во земјата од ова натпреварување“, стои во реакцијата од Ла Лига.