Дома Фудбал ВИДЕО Реакцијата на Модриќ по промашениот пенал на Мбапе

ВИДЕО Реакцијата на Модриќ по промашениот пенал на Мбапе

Реал Мадрид загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетик. Тоа беше прва победа на домашната екипа на Сан Мамес против гигантот од Мадрид од март 2015 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетик Билбао поведе со голот на Алекс Беренгер во 53. минута, а Горко Гурузета им донесе победа на домаќините во 80. минута, четири минути откако Џуд Белингам го израмни резултатот.

Реал можеше и порано да израмни. Одлична можност за тоа имаше Килијан Мбапе во 69. минута кога шутираше пенал, но голманот на домашните одлично реагираше на ударот на францускиот напаѓач. Мбапе беше непрецизен и од белата точка на претходниот натпревар на Реал против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Непрецизниот удар од белата точка на Мбапе се случи додека капитенот на тимот и хрватската репрезентација се подготвуваше да влезе во игра. Пред да се упати на теренот, Модриќ ја искористи можноста да го погледне тоа промашување уште еднаш на видео. Колку жали за пропуштената шанса покажа неговата реакција. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…