Неверојатен неуспех на поранешниот фудбалер на Ајакс и Челзи, сега на Галатасарај…
Се играше 65. минута од натпреварот помеѓу Бодрум и Галатасарај кога Виктор Осимен тргна кон голот на домашните, несебично му додаде на Хаким Зиех, голот беше празен, чиста ситуација, но Мароканецот уредно се посрамоти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зиех ја прими топката „како на тацна“, но шутираше толку непрецизно што ја испрати високо над гредата.
„Нема оправдување за ваков неуспех, видео кое ќе го обиколи светот…“, беше коментарот на Драган Чича во директен пренос на Спорт Клуб 1.