Дома Останати Кошарка Вестбрук повторно испиша историја во НБА-лигата (Фото)

Вестбрук повторно испиша историја во НБА-лигата (Фото)

Кошаркарот на Денвер Нагетс Расел Вестбрук стана еден од најдобрите стрелци на сите времиња.

Во понеделник навечер, на натпреварот на Денвер Нагетс против Чикаго Булс, Расел Вестбрук постигна историски подвиг.

Откако Никола Јокиќ и Ерон Гордон го пропуштија натпреварот, Вестбрук од клупата внесе енергија која помогна на Нагетс да останат конкурентни во борбата за врвот на Западната конференција.

Покрај тоа, го надмина Кевин Гарнет на вечната листи на стрелци во НБА-лигата, искачувајќи се на 20. место.

Вестбрук постигна 14 поени и стана само вториот плејмејкер во историјата што се најде меѓу 20. најдобри стрелци во лигата, придружувајќи му се на Оскар Робертсон, според податоците од „StatMamba“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…