Дома Фудбал Верувале или не: Сан Марино во ноември настапува подобро од Манчестер Сити!

Верувале или не: Сан Марино во ноември настапува подобро од Манчестер Сити!

Фудбалскиот тим на Сан Марино приреди вистинска сензација, откако во натпреварувањето во Д дивизијата од Лигата на нации заврши како првопласирана во групата, а следната сезона ќе настапува во повисок ранг!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова не би било сензација доколку Сан Марино до овој натпревар не важеше за најлошата репрезентација во Европа, а можеби и во светот.

Со победата испишаа историја, а покрај тоа, за првпат досега на официјални натпревари постигнаа три гола, во победата од 3:1 против Лихтенштајн.

Претходно Сан Марино забележа реми против Гибралтар (1:1), а она што секако е фасцинантно е што оваа мала земја има подобар учинок во ноември од Манчестер Сити!

Во месец ноември Сан Марино забележа победа и нерешено, односно освои четири бода во два натпревари, додека Манчестер Сити во трите меча што ги одигра во ноември имаше три порази.

„Граѓаните“ загубија од Бурнмаут и Брајтон со по 2:1, додека во Лигата на шампионите доживеаја дебакл со убедливи 4:1 против Спортинг.

Се на се, ова е само уште еден доказ дека фудбалот навистина ги пишува најинтересните приказни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл најде замена за Гордон, од Германија пристигна неверојатно крило за 42.000.000 фунти!

Нјукасл објави дека го ангажираше репрезентативецот на Слоновачка Брег, Базуману Туре, кој…