Дома Фудбал Вечерва се враќа ЛШ, на распоредот се 18 натпревари

Вечерва се враќа ЛШ, на распоредот се 18 натпревари

Лигата на шампионите вечерва ќе го добие конечниот пласман од првата фаза во ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За последното коло предвидени се 18 натпревари по кои ќе биде познат пласманот на новиот формат на најсилното европско натпреварување.

Сите натпревари ќе се играат од 21 часот, а пласманот во осминафиналето го обезбедија првопласираниот Ливерпул со 21 бод, како и Барселона со 18 бодови.

Клубовите ќе се стремат да влезат или да одржат место во топ 24, што гарантира пласман во осминафиналето, додека најдобрите осум клубови ќе остварат директно место во осминафиналето.

Едно од најголемите изненадувања би било елиминација на Манчестер Сити, кој моментално е на 25. место, а на „Етихад“ ќе го пречека Клуб Бриж кој има три бода предност.

Црвена Звезда гостува кај Јанг Бојс и нема шанси за пласман во следната рунда.

Дерби колото се игра меѓу Барселона и Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема промена на терминот за натпреварот Мексико – Англија

Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу фудбалерите на Мексико и Англија…