Дома Фудбал Вардар се засили со нов напаѓач – Едиз Спахиу!

Вардар се засили со нов напаѓач – Едиз Спахиу!

Едиз Спахиу e 23-годишниот напаѓач, кој се приклучува од редовите на екипата на Тиквеш, имаше солидна полусезона во која забележа четири погодоци на 18 одиграни натпревари. Минатата сезона беше крунисана со успех, кога со екипата на Тиквеш го освои Купот на Македонија.

Во својата кариера во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Спахиу се истакна со значителен придонес, одигрувајќи 106 натпревари и постигнувајќи 23 голови. Покрај ангажманот во Тиквеш, тој има настапувано и за тимовите на Гостивар и младиот состав на Шкендија, со што ја покажа својата флексибилност и квалитет на различни позиции.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На меѓународен план, Спахиу е дел од македонската репрезентација, каде ги бранеше боите на националните селекции до 19 и до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жегрова ќе го сонува промашувањето во продолженијата: Херојската победа на Јувентус не беше доволна за осминафинале! (Видео)

Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Л…