Дома Фудбал Вардар не го одигра првиот меч во Анталија поради силно невреме

Вардар не го одигра првиот меч во Анталија поради силно невреме

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, ги продолжува своите зимски подготовки во Анталија, Турција, со цел што подобро да се подготви за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот планира да одигра неколку пријателски натпревари како дел од својата подготвителна програма.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според првичниот распоред, Вардар денеска требаше да одигра пријателски натпревар против казахстанскиот тим Актобе. Сепак, натпреварот беше откажан поради екстремни временски услови, вклучувајќи силно невреме и обилни дождови кои го зафатија регионот на Анталија.

Утре, македонскиот прволигаш ќе одигра нов пријателски натпревар против бугарскиот тим Септември од Софија. Натпреварот е закажан за 15:30 часот по локално време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …