Холандскиот стратег Руд Ван Нистелрој кој до неодамна го предводеше Манчестер јунајтед би можел да добие нова работа во Премиер лигата.
Се поврзуваше Ван Нистелрој со Ковентри, но изгледа дека таму ќе заврши Френк Лампард. Сепак, Холанѓанецот би можел подобро да помине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми варуваат дека набрзо ако не се случи некој голем пресврт во резултатите: Саутемптон, Вулверхемптон и Кристал Палас ќе се разделат со сегашните тренери.
Сепак, не треба да се заборави и дека опција за сите три клуба е Дејвид Мојс кој исто така сака да работи повторно во Премиер лигата.
Ван Нистелрој пред доаѓањето во Манчестер јунајтед го водеше ПСВ со кој во сезоната 2022/2023 освои двојна круна. Помошник во стручниот штаб беше и во репрезентацијата на Холандија.